[ФОТО] По Шумахер убавата Босанка го освоила срцето на најдобриот светски тенисер?: Се шират гласини за врската на Лаила и Синер

Точка

26/05/2025

12:45

1.445

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката и манекенка од Сребреница, Лаила Хасановиќ, наводно била видена со најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер.

Фотографијата кружи на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека таа ја пронашла среќата со него откако раскинала со Мик Шумахер.

Фотографијата е направена во Копенхаген. И покрај извештаите на локалните медиуми дека тие започнале љубовна врска, двајцата сè уште не ја потврдиле оваа информација.

На прес-конференција на Ролан Гарос, Синер беше прашан за деталите околу неговата посета на Копенхаген, но кратко одговори дека таму престојувал поради работа.


Лаила и Мик ја потврдија својата врска во 2023 година објавувајќи заеднички фотографии на Инстаграм. Но, во април оваа година, Мик креирал профил на апликацијата за запознавање „Raya“, наменетa исклучиво за познати личности.


Со овој потег, тој потврди дека на неговата љубов кон Лаила ѝ дошол крајот.


Инаку таа беше една од ретките личности која не е дел од семејството Шумахер, а на која ѝ беше дозволено да го посети Михаел Шумахер.