Претседателот на САД, Дoналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, годинава прославија 20 години од брак, а многу од странските медиуми ја искористија можноста да потсетат на виралните изјави на холивудската дива Селма Хаек во кои вели дека Трамп ја повикал на љубовен состанок иако знаел дека има момче.
Имено, спомнатата ситуација се случила во октомври 2016 година, непосредно пред претседателските избори на кои Трамп победил, а Селма говорела за неговите обиди да ја повика на „дејт“.
„Кога го запознав тој човек имав момче, а тој се обиде да се спријатели со него за да го добие мојот телефонски број“, се присетила актерката која во текот на тие избори ја поддржувала Хилари Клинтон.
Селма истакнала дека Трамп наводно се одмаздил откако ги одбила неговите обиди за зближување.
„Кога му кажав дека не сакам да излезам со него, дури и дека имам момче, тој се јави... А, потоа некој ги контактирал „National Enquirer“, нема да кажам кој, но сите знаат дека сѐ што тој сака да се појави во јавноста го објавува „National Enquirer“. Таму пишуваше дека тој не сакал да излезе со мене затоа што сум била прениска“, изјавила актерката.
„Подоцна ми остави и гласовна порака: Можеш ли да веруваш? Кој би рекол такво нешто? Не сакам луѓето да го мислат тоа за тебе“, изјавила Селма.
„Мислеше дека ќе посакам да се видам со него само луѓето да не мислат дека тоа била причината поради која не бил заинтересиран“, објаснила Хаек.
Денес Селма е среќно венчана за францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино.
Како Трамп го добил телефонскиот број на Селма?
Во јуни 2017 година во текот на гостувањето во емисијата „The Daily Show with Trevor Noah“, Селма уште еднаш раскажала како Трамп се обидел да ја викне на состанок.
Овојпат споделила како изгледала нивната прва интеракција. Сѐ започнало на еден настан кога ѝ било ладно, а Трамп којшто седел зад неа, веднаш го ставил неговиот капут над нејзините раменици.
„Се свртев, а моето момче толку шармантно и љубезно, го поздрави“, се присетила Селма.
„Трамп рече: Се извинувам, на вашата девојка очигледно ѝ е ладно, па ѝ го понудив мојот капут. Потоа продолжи да разговара со моето момче“, изјавила актерката.
Како што кажала, Трамп продолжил да разговарал со нејзиното момче, чиј идентитет не сакала да го открие, а подоцна ги повикал да го посетат неговиот хотел во Атлантик Сити во Њу Џерси.
Наводно тоа било начинот на којшто ги добил нивните телефонски броеви. Меѓутоа, Селма открила дек аТрамп неа ја повикал директно, а не преку нејзиното момче.
„Ме повика на состанок, а јас му реков: Што со моето момче? Дали си луд? Ме викаш на состанок, а знаеш дека имам момче“, се присетила актерката, а потоа го открила одговорот на Трамп:
„Тој не е доволно добар за тебе. Не е важен, не е доволно голем за тебе. Треба да дојдеш со мене“.