[ФОТО/ВИДЕО] Знаете ли кој град се нарекува најфотогеничното место во Европа? Цел ден таму чини колку вечера во Виена

Точка

22/05/2025

20:42

762

Големина на фонт

а а а

Травел инфлуенсерката Кристина Синкиќ Радуловиќ споделила видеа од чешкиот град Крумлов, кој своевремено беше прогласен за најфотогеничен европски град, а често се занемарува во корист на Виена или Прага.

Додека сите ја посетуваат Прага, Кристина истакнува дека на два часа возење од неа се крие град „како со рака насликан“ и најубавото место во Чешка.

„Добредојдовте во Чешки Крумлов, каде со кајак се плови низ историјата, каде времето тече побавно, а целиот ден чини помалку од вечерата во Виена“, вели Кристина во видеото.


Напомнува дека секој момент изгледа како разгледница, па не е изненадувачки што е прогласен за најфотогеничен европски град, но и понатаму е во сенка на Виена и Прага, поради што не е преплавен со туристи.


Ќе потрошите меѓу 7 и 14 евра за порција храна во ресторан, а меѓу 3 и 8 евра за карти за музеј, а градот нуди и неколку бесплатни настани.


Прекрасен мал град чие целосно име е Чешки Крумлов со не повеќе од 15.000 жители се наоѓа на брегот на реката Влтава. Потекнува пред 800 години и е изграден во бајковити елементи и готски, ренесансен и барокен стил.

Историскиот центар на градот со комплексот на замокот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО од 1992 година, еден од првите во земјата. Градот го зачувал распоредот на улиците од средниот век. Поголемиот дел од архитектурата на стариот град и замокот датира од 13 до 17 век; градските градби се претежно во готски, ренесансен и барокен стил.


Историското јадро, денешниот „Vníttir město“ („Внатрешен град“), се наоѓа во меандрите на реката во форма на потковица, додека стариот дел на градот, Латран и комплексот замоци се наоѓаат на другата страна на Влтава.


Центарот на Стариот град го сочинува Трг Сворности. Неговата главна атракција е градското собрание од 1597 година. Создаден е со спојување на три готски куќи со аркади, чија фасада е комбинирана со ренесансно поткровје.