Во текот на изминатите неколку години, широките фармерки доминираа на модната сцена, освојувајќи ги улиците со своите „oversized“ и „cargo“ модели. Удобни и лесни за комбинирање, тие станаа тренд меѓу различни стилови и генерации, и незаменливо парче во секојдневниот аутфит на илјадници луѓе.
Опуштениот изглед во комбинација со практичноста ги направи овие фармерки омилени на модерните гардеробери. Меѓутоа, европската зима 2025 година донесе пресврт во светот на модата. Влијателните дизајнери претставија колекции кои го вратија моделот кој за многумина остана во минатото: „skinny“ фармерки кои за многумина се казна и не простуваат ни грам вишок.
Во помодерна и пософистицирана верзија, овој стил повторно го најде своето место на модните писти, а потоа и на европските улици.
Враќањето на „skinny“ фармерките привлече внимание поради нивната разновидност. За разлика од порано, кога се сметаа за неудобни, новите модели се направени од поеластични материјали и се скроени така за да се истакне фигурата без да се загрози удобноста.
Современиот пристап ги комбинира стилот и практичноста, привлекувајќи ги и модните ентузијасти и оние кои бараат поелегантни комбинации за секој ден.
Овој европски тренд веќе почнува да влијае на модата, а стана дел од есенските и зимските колекции на големите брендови.
„Skinny“ фармерките лесно се комбинираат со струкирани блејзери, плетени џемпери и чизми до колена, создавајќи софистициран и урбан изглед, а идејата е да се постигне хармоничен, но впечатлив стил.
Така широките фармерки полека отстапуваат место за големо враќање на „слабите“ модели.