Дали некогаш сте слушнале за градот Проспера во Хондурас? Доколку не, не грижете се – дури ни Хондурасците што живеат во негова непосредна близина не знаат многу за него. Станува збор за приватен град кој функционира како Зона за вработување и економски развој (ZEDE) на островот Роатан.
Го основал колумбискиот претприемач Ерик А. Бримен со цел да создаде иновативен модел на град кој ги комбинира технолошките иновации, луксузот и деловната слобода – брза регистрација на компании, инфраструктура приспособена на претприемачи и дигитални номади, ниски даноци на приходи и плати и многу слични бенефиции насочени кон привлекување странски инвестиции.
Кога бил основан градот Проспера?
Проспера е основан во 2017 година со поддршка на тогашниот претседател Хуан Орландо Хернандез како дел од законот „Zonas de Empleo y Desarrollo Económico“, кој овозможи создавање автономни зони на територијата на Хондурас со сопствени закони, даночни системи и администрација.
Кога дојде до промена на власта во 2022 година, Законот „ZEDE“ беше прогласен за неуставен бидејќи ги кршеше основните одредби од Уставот на Хондурас, особено во поглед на суверенитетот, територијалниот интегритет и демократските принципи.
Проспера ја тужеше владата на Хондурас и продолжи да – просперира.
Ова е град кој нема традиционален градоначалник, но слични функции извршува техничкиот секретар, Хорхе Колиндрес.
Градот е исто така управуван од компанијата „Honduras Prospera Inc.“, која е поддржана од ризични капиталисти од Силициумска долина, како што се Питер Тиел, Марк Андресен и Сем Алтман.
Има население од нешто помалку од 2.000 жители, при што мнозинството се е-резиденти. Во градот, кој се простира на површина од околу 2,5 квадратни километри, постојано живеат околу 200 лица, а исто толку луѓе секојдневно пристигнуваат на работа.
Доколку сакате да влезете во Проспера, прво мора да поминете низ контролен пункт со вооружени чувари кои издаваат привремена туристичка дозвола за пристап, но исто така ја гарантираат безбедноста на сите луѓе во градот.
Тимот од Јутјуб каналот „Yes, Theory“ помина неколку дена во овој рај за инвеститори, а погледнете што снимиле таму.