[ВИДЕО] Британец го собори рекордот во трчање низ Австралија – Ноктите му отпаднале, стапалата почнале да му скапуваат…

Точка

20/05/2025

16:12

1.086

Големина на фонт

а а а

Британски ултрамаратонец ја претрчал цела Австралија и го собори светскиот рекорд по исцрпувачкото 35-дневно патување.

Вилијам Гуџ, 31, ја започна трката долга 3.800 км (2.361 милја) од плажата Котесло во Перт на 15 април, а заврши во понеделник попладне на познатата плажа Бонди во Австралија, со поддршка на неговиот татко.

Гуџ, кој потекнува од Бедфордшир, Англија, трчал еквивалент на два и пол маратони – околу 100 км – секој ден.

Тој почнал да трча маратони откако неговата мајка, Аманда, починала од рак во 2018 година, а со овој потфат имал за цел да собере средства за организации за борба против ракот во Велика Британија, САД и Австралија.

Претходниот светски рекорд во трчање низ Австралија го држел Крис Тернбул, кој го постигна подвигот за 39 дена во 2023 година. Една година претходно, австралискиот електричар Нед Брокман ја истрча истата рута за 47 дена, собирајќи милиони за добротворни цели.

Откако ја помина целната линија, Гуџ за локалните медиуми изјави дека трчањето било „како вител од кошмари кои никако не престанувале“.

„Првите девет дена беа исклучително предизвикувачки … но мораш да му кажеш на телото и умот дека иако се бориш, мораш да истраеш и дека ќе го надминеш сето тоа“, изјави тој за Сиднеј Морнинг Хералд (SMH).

Веднаш по преминувањето на целта, Гуџ положи букет цвеќе на познатиот брег на плажата Бонди во спомен на неговата покојна мајка.


„Таа беше најпосебната личност во мојот живот“, изјави тој за Гардијан Австралија, додавајќи, „ќе беше горда на сè што направив – но исто така ќе беше и загрижена“.

По патот, му паднале ноктите на нозете, стапалата почнале да му скапуваат, а понекогаш халуцинирал поради несоница предизвикана од болки во коските.

Гуџ рече дека размислувањето за борбата на неговата мајка со ракот било клучно во текот на неговото патување и му помогнало да го надмине сопственото страдање.

„Во моментите кога ми беше тешко, размислував за тие моменти, размислував за жената каква што беше, начинот на кој ги поднесуваше нејзините тешкотии, како ме поддржуваше“, изјави тој за SMH.

„Чувствувам дека таа често е таму со мене“, додаде британецот.

За време на трката, тој рече дека видел речиси секое познато австралиско животно – иако поеќето од нив биле мртви по патот – како и многу од нејзините уникатни пејзажи.

На веб-страницата на Гуџ посветена на трката, тој му се заблагодари и на Тернбул за споделувањето на неговото знаење и искуство во врска со трчањето на оваа рута.

Гуџ го држи и рекордот за најбрз Британец што ги претрчал Соединетите Американски Држави, трчајќи од Лос Анџелес до Њујорк за 55 дена.