Трансферот на Квича Кварацхелија од Наполи во ПСЖ многумина го протолкуваа како нелогичен потег пред една година, но 15 месеци подоцна, сите зборуаваат за Грузиецот како за еден од најдобрите играчи на својата позиција.
Луис Енрике доби џек-пот во јануарскиот преоден рок пред една година и Квича само неколку месеци подоцна ги освои сите можни титули, а сега е еден од лидерите и во обидот да се одбрани титулата во Лигата на шампиони.
Кварацхелија постигна два гола во магичниот натпревар меѓу ПСЖ и Баерн, а по крајот на истиот, Кларенс Сидорф му ја додели титулата за најдобар играч во светот.
– Кварацхелија е најдобар играч во светот во моментов, Луис Енрике го доби најдоброто пред една година. Страшно во целата ситуација е што тој може да стане само подобар.
– Не знам дали ќе остане да игра само на левата страна, сметам дека тој е играч кој може да одговори на секоја позиција во нападот, има решение за секоја ситуација. Тој е екстра човек за тимот во средниот ред, трча и притиска, а потоа прави и разлика во нападот. Навистина е неверојатен, – изјави Сидорф за „Амазон прајм“.







