Анри со легендарна споредба на двете полуфиналиња: Во вторникот бевме на месечината, а сега…

Дерби

30/04/2026

16:20

301

Големина на фонт

а а а

Тјери Анри беше еден од оние кои искажаа најмногу симпатии за атомскиот фудбал кој го понудија ПСЖ и Баерн во офанзивна смисла, но 24 часа подоцна, легендарниот француски напаѓач мораше да прави сосема поинакво резиме од тоа што го виде во Мадрид.

Второто полуфинале меѓу Атлетико и Арсенал беше целосно дијаметрално поразлично од она што го гледавме на „Паркот на принцовите“, а ако судијата Макели не досудеше два пенали, најверојатно немаше да видиме ниту еден гол.

Тоа беше реалност која и можеше да се очекува со оглед на филозофијата која ја негуваат двајцата тренери, па откако остана се отворено за игра во пресрет на двата реванши во Лигата на шампиони, Анри реши да направи една легендарна компарација за различните стилови кои ги видовме во 24 часа.

– Вчера (вторник) бевме на месечината, а сега реалноста не погоди во лице и се вративме на земјата!

– Во Париз се случи тоа што сите го очекувавме, сите уживавме во таквиот фудбал и бевме воодушевени. Исто така, сега се случи тоа што го очекувавме во Мадрид. Не гледавме многу шанси, се играше тврд фудбал и двата голови беа постигнати од пенал. Вчера гледавме тотален фудбал, а сега гледавме само фудбал. Како и да е, во фудбалот постојат различни стилови и варијанти, па секој го бира тоа што го сака за својот тим, – изјави Анри.