Новак Ѓоковиќ му „спушти слушалка“! Сега е шести тенисер во светот, а ја освои и преубавата ќерка на НБА легенда која игра фудбал

Точка

24/04/2026

22:11

454

Големина на фонт

а а а

Бен Шелтон, моментално е шести тенисер во светот, а покрај својата игра, привлекува внимание и поради врската со ќерката на НБА легенда, која е повеќе од успешна. Станува збор за Тринити Родман. Таа е една од најплатените фудбалерки во светот, но и име што привлекува внимание и надвор од теренот – не само поради славното презиме, туку и поради сопствените спортски достигнувања и приватниот живот.

Ќерката на НБА легендата Денис Родман, познат по контроверзите и бурната кариера, одамна одлучи да не живее во сенката на својот татко. Напаѓачката на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави и клубот „Washington Spirit“, 23-годишната Родман, изгради сопствен пат во женскиот фудбал.

Професионалниот исчекор го направи во 2021 година, кога со само 18 години стана најмладата избрана играчка на драфтот во историјата на NWSL лигата. Веќе во дебитантската сезона се наметна како клучна играчка, го предводеше својот тим до шампионската титула и го освои признанието за најдобра дебитантка, како и место во идеалниот тим на лигата.


Со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави стигна до злато на Олимписките игри во Париз 2024 година, каде што беше еден од носителите на играта во нападот и постигна три гола во походот кон титулата.

На почетокот на 2026 година потпиша и историски договор со „Washington Spirit“, вреден повеќе од два милиони долари по сезона, со што стана најплатена фудбалерка на планетата и постави нови стандарди во женскиот спорт.


Додека на теренот реди успеси, приватно ја пронајде среќата покрај американскиот тенисер Бен Шелтон. Двојката ја потврди врската во март 2025 година, а нивната приказна започна преку социјалните мрежи, за брзо да станат еден од најпознатите спортски парови денес. Често се бодрат меѓусебно од трибините, следејќи се на големите натпреварувања.

Сепак, нејзиниот пат не бил без емоционални турбуленции. Зад славното презиме стои и комплициран однос со таткото Денис Родман, за кој повеќепати отворено зборуваше во јавноста, истакнувајќи дека пораснала без негово вистинско присуство.


И покрај сè, Тринити Родман денес е симбол на новата генерација спортистки – оние што истовремено рушат рекорди на теренот и ги менуваат правилата на игра надвор од него.