[ФОТО/ВИДЕО] Роналдо и Георгина ѝ понудиле вртоглава сума пари на приватна готвачка за една недела на јахтата – Можете ли да го погодите износoт?

Точка

08/05/2025

19:44

1.102

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се подготвуваат за луксузен одмор на Ибица, каде што ќе се релаксираат на нивната приватна јахта.

Па затоа парот за ова патување одлучи да ангажира приватна готвачка, нудејќи исклучително висок хонорар за услугата.


Улогата на нивна приватна готвачка ќе ја преземе Марта Гарсија Бу, познатата инфлуенсерка која е позната на социјалните мрежи под името „Boukie“. Инаку таа се прослави покажувајќи ги своите кулинарски вештини на социјалните мрежи.

Хонорар од милион евра

Според готвачката, Георгина ја контактирала преку Инстаграм, и ѝ било понудено да работи како ексклузивна готвачка на јахтата, каде ќе треба да подготвува раскошни оброци за Кристијано и Георгина во кое било време од денот или ноќта.  Исто така Марта истакна дека ќе добие исклучително висок хонорар, односно повеќе од милион евра – и тоа за ангажман од само една недела.


„Ако посакаат стек во два часот наутро, ќе станам и ќе им го направам. Тоа може да биде особено тешко бидејќи ќе патуваат како семејство, вклучувајќи ги и малите деца кои можеби имаат најголеми желби. Ќе биде спектакл“, додаде Марта.

Има многу следбеници на социјалните мрежи

Интересно е да се спомене дека Марта инаку е инженер и работи како консултантка во реномираната компанија „Делоит“. Сепак, нејзините кулинарски способности презентирани преку социјалните мрежи ѝ донесоа голема популарност.


Нејзиниот ТикТок профил го следат речиси половина милион луѓе, додека на Инстаграм има речиси 400.000 следбеници. Благодарение на сè поголемата препознатливост, таа ја стекна довербата на бројни јавни личности, вклучувајќи го и шпанскиот пејач Кеведо.