[ВИДЕО] Непријатниот бакнеж на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе стана вирален на ТикТок!

Точка

08/05/2025

20:28

2.269

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер доживеала непријатен момент кога нејзиното момче, актерот Тимоти Шаламе, го пропуштил бакнежот кој се обидела да му го даде за време на доделувањето на наградите Дејвид ди Донатело во Италија.

Парот за прв пат се појавил заедно на црвениот тепих, а Тимоти во таа прилика ја доби наградата „David Speciale“, која се доделува на „одлични актери кои снимаат квалитетни и иновативни филмови“.

Моментот стана вирален на ТикТок

Кога неговото име било прочитано на сцената, Тимоти ја бакнал Кајли, но невешто го пропушти нејзиниот обид да му даде втор бакнеж. После тоа поздравил неколку гости зад себе и се упатил кон бината за да ја прими наградата.


Моментот набрзо заврши на ТикТок, а фановите веднаш го забележаа непријатниот момент. „Незгоден двоен бакнеж“, „Хахаха, таа сакаше повеќе“, „Некој му зборуваше нешто зад грб на Тимоти, тој не го забележа вториот бакнеж“, „Не му беше грижа за вториот бакнеж, навистина срамно“, се само дел од коментарите.

Заедно се од 2023 година

За потсетување, Кајли и Тимоти се заедно од 2023 година, а нивната врска наводно е многу сериозна. „Таа никогаш не се чувствувала вака за некој друг, дефинитивно гледа иднина со него“, изјави неодамна извор близок на парот за „Page Six“. Тој исто така додаде дека Тимоти е подеднакво заљубен и дека постојано проверувал како е Кајли со децата за време на пожарите во Лос Анџелес.


Мајката на Шаламе, Никол Флендер неодамна за прв пат ја коментирала неговата врска со Кајли, изразувајќи задоволство. „Кајли е навистина пријатна. Секогаш е пријатна со мене“, изјавила таа за „Page Six“. Никол присуствувала со нејзиниот син и Кајли на Оскарите во 2025 година, каде што Тимоти беше номиниран за неговата улога во „A Complete Unknown“.