[ФОТО] Ди Каприо поради прекрасната Италијанка го промени бизарното љубовно правило: За првпат се појави на Мет Галата, па бегал од фотографите

Точка

08/05/2025

17:36

1.492

Големина на фонт

а а а

Иако веќе со децении важи за еден од најбараните и најплатените холивудски актери, дури оваа година дебитираше на Мет Гала. Меѓутоа, тој се потруди да го избегне синиот тепих обраснат со цвеќиња и позирањето на познатите скали. Дури подоцна се дознало дека Леонардо ди Каприо се појавил на гламурозен спектакл во Њујорк, во друштво на неговата (сè уште актуелна) девојка Виторија Черети.

Италијанската манекенка во јуни ќе го прослави својот 27 роденден. Иако одамна ги надминала сите негови мерки, односно правилото „до 25 години“, сепак таа и понатаму е официјална девојка на холивудскиот срцекршач. Леонардо ди Каприо и Виторија Черети првпат беа забележани заедно на Ибица на почетокот на август 2023 година, а додека присуствуваа на Мет Гала пред неколку вечери, очигледно сè уште се пар.


И додека Виторија радосно им позирала на фотографите, Лео бил уловен само зад затворени врати. Тој вешто ја избегнувал парадата на црвениот тепих, според многумина најважниот сегмент од познатиот настан, иако, според хроничарите на холивудските прилики и неприлики, ова била неговата прва Мет Гала.

Можеби затоа што не се трудел премногу околу стајлингот, иако во класичниот костум со пеперутка вратоврска апсолутно ја „испочитувал“ темата која се вртела околу еволуцијата на машката мода. Неговата избраничка се одлучила за креација „Moncler x EE72“ и внимателно одбран накит од „Brioni Raymond“, кој одлично се совпаднал со целата приказна.


Во неодамнешното интервју за „Vogue“, Виторија изјавила дека „не може да издржи кога луѓето ја претставуваат како уште една девојка на познатиот актер“. Љубовта е силна, открила и додала дека нема место за љубомора.

Многу е блиска со мајката на Лео, Ирмелин, единствената „постојана женска личност“ во неговиот живот и тоа би можело да биде објаснувањето зошто тој останал со жешката Италијанка подолго отколку со многумина пред неа.


Во интервју за престижниот магазин, манекенката истакнала и дека често се чувствува постаро отколку што е. На Лео тоа очигледно не му пречи, како ни фактот дека (одамна!) го надминала магичниот број 25.

Дали можеби конечно одлучил да се смири?