Болно признание на познатата Албанка: „Имав спонтан абортус, а вие се шегувате со моите килограми“

Точка

08/05/2025

17:16

1.652

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка со албанско потекло, Биби Реџа, беше една од познатите личности кои се појавија на овогодишната Мет Гала, а нејзиното издание привлече големо внимание.

Освен пофалби за нејзината модна комбинација, таа доби и критики од нејзината колешка, раперката Азеалија Бенкс, која предизвика бурни реакции со нејзиниот коментар.



„Сестро, изгледаш како да користиш хормонален контрацептивен имплант или нешто слично. Ми наликува на импланон/нуваринг што треба да се извади или на депо-инекција што мора да се прекине (не се обидувам да те навредам)“, напиша Бенкс на мрежата Икс.

Набргу потоа, Биби Реџа се огласи и со јавноста ја сподели својата болна интимност – дека имала спонтан абортус.



„Имам синдром на полицистични јајници и се борам со неплодност. Забременив, но не успеа и таа болка ја носам во тишина. Никому не му должам објаснување, но можеби сега двапати ќе размислиш пред да коментираш за нечие тело“, ѝ порача Реџа на раперката и додаде дека можеби таа треба да посети психотерапевт во објавата која во меѓувреме ја избришала.


Од друга страна Азелија потоа ѝ упати совет: „Мене ми помогна Лексапро. Нешто што ќе ти помогне со таа длабока тага и хаос што го репродуцираш. Исцелувањето на сите им прилега добро“, одговори раперката.