Мег Рајан, тогаш веќе афирмирана ѕвезда на романтичните комедии, направила храбар чекор којшто скапо ја чинел, барем краткорочно.
Филмската индустрија одамна е позната по својата непредвидливост, успехот на филмот никогаш не е загарантиран, а актерите и режисерите често балансираат меѓу уметничкото изразување и публиката која можеби не е подготвена за она што им го нудат.
Во таков контекст во раните 2000 била Мег Рајан, која тогаш била веќе афирмирана ѕвезда на романтичните комедии, а направила храбар чекор којшто скапо ја чинел.
Од „девојка од соседството“ до контроверзни улоги
Мег Рајан во текот на 90-тите станала синоним за романтичните комедии. Таквите филмови ѝ го донеле статусот на „американска миленичка“, актерка која дава топлина, невиност и шарм во филмовите кои ја слават љубовта.
Иако се појавила и во сериозни проекти како што се „Top Gun“ или „The Doors“, нејзината кариера во најголема мера ја одбележале улогите кои го прикажувале типичниот холивудски идеал на женственоста.
Затоа за многумина било шок кога во 2003 година одлучила да ја толкува главната улога во психолошкиот трилер „In the Cut“.
Филмот наголемо отстапувал од она што публиката до тогаш го поврзувала со актерката, имал мирна атмосфера, сексуално експлицитни сцени и лик којшто се бори со сопствениот идентитет и сексуалноста.
Рајан во филмот ја толкува улогата на учителка која започнува афера со детектив којшто истражува убиство во нејзиното соседство.
Критиките биле поделени, а реакциите од јавноста неретко жестоки. Некои ја осудувале, други ја бранеле, но речиси никој не останал рамнодушен.
Општествен отпор и мизогинија во средиште на проблемот
Нејзината изведба во филмот не била проблем, проблемот била перцепцијата која публиката ја имала за актерката.
Мег во текот на едно интервју за „The New York Times“ изјавила:
„Филмот „In The Cut“ беше сексуален, а сексот ги збунува луѓето. Никогаш не сум била прикажана во такво светло, тоа беше поразличен архетип којшто ми беше доделен. Реакциите на филмот беа груби, тоа можеше да биде последниот филм којшто некогаш сум го снимила. Ме изненадија негативните реакции. Ми се допадна филмот, ми се допадна сето искуство и ми се допадна Џејн“, додала актерката.
Низ годините „In The Cut“ доживеал своевидна рехабилитација. Режисерката Џејн Кемпион, позната по филмовите како што се „Piano“ и „Bright Star“, низ овој проект настојувала да ја прикаже комплексноста на женската сексуалност и критички да пристапи на романтичните митови кои ги обликуваат меѓучовечките односи.
Мег денес истакнува дека филмот бил „феминистичка деконструкција на романтичниот мит“.
„Мило ми е што денес можеме да разговараме за тој филм“, изјавила Мег Рајан.