[ВИДЕО] Кафуле во Котор стана вирално поради својот нестварен поглед: Посетителите уживале во магичното зајдисонце

Точка

06/05/2025

11:49

1.798

Големина на фонт

а а а

Которското кафуле со нереален поглед неодамна привлече големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи, кои споделуваат слики од задоволство и добра забава од оваа локација.

Имено, станува збор за барот Хоризонт кој нуди нестварна панорама на Которскиот залив во кој многумина уживаат со омилениот пијалак и добро познатите песни на Оливер Драгојевиќ.

Ова кафуле е на половина час возење од Котор, а за многу посетители не било проблем да се возат по кривулестите патишта за убаво да се забавуваат.


Многумина од нив уживале во магичното зајдисонце со микс од песната „Џени“ од Оливер Драгојевиќ, а диџејот ја надополнил атмосферата и со други траки.

Додека поединци уживале во моментот, други одлучиле овој момент трајно да го снимат со своите телефони и да го споделат на социјалните мрежи, па видеото набрзо стана вирално.


Watch on TikTok

Во последните години, Котор станува се попопуларна дестинација поради шармот на малото гратче, златните плажи и нереалните глетки. Исто така, експертите за патувања на платформата за изнајмување бродови „Samboat“ ги открија најпотценетите медитерански дестинации во 2023 година. Тогаш ги поделија локациите за одмор за идилично и поволно патување и уживање во летниот одмор, а Котор го зазел првото место.