Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Макпетрол со одлична реализација до победата над Окта
Макпетрол 9-2(4-1) Окта
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 7’ Горан Новаковски 16’ 19’ 24’ Боце Ефремов 30’ Никола Секуловски 23’ Наум Тауловски 18’ 28’ Ариан Бела 40’
Окта: Иван Мицевски 17’ 35’
Петтото коло од Супер Лигата го отворија екипите на Макпетрол и Окта, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворена и офанзивна игра. Екипата на Макпетрол беше прва која превзема иницијатива и преку Ѓоргиовски успеа да реализира во 7та минута за водство од 1-0. Екипата на Макпетрол со ова водство доби ветар во грб и се почесто се закануваше кон голот на Окта која својата шанса ја бараше преку брз контра напад. Екипата на Макпетрол преку Новаковски во 16та минута успеа да го зголеми водството на 2-0, но Окта веќе во следниот напад успеа да намали на 2-1 со погодокот на Мицевски. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше одлична реализација па на паузата замина со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична реализација и од минута во минута го зголемуваше своето водство,а екипата на Окта иако имаше неколку одлични шанси имаше слаба реализација. До крајот на натпреварот екипата на Макпетрол не дозволи никакво изненадување па на крајот од овој дуел славеше со убедливи 9-2
Во дерби натрпевар УНИКА со пресврт до победа над Матрикс
Матрикс 2-3(2-0) УНИКА
Матрикс: Тони Брњарчевски 14’ Даниел Боневски 18’
УНИКА: Донард Бајрами 39’ Арбен Нухиу 22’ Анди Нухиу 28’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и УНИКА двете екипи од самиот старт започнаа со високо темпо на игра, и често доаѓаа до отворени позивции за гол. Двете екипи имаа одлични шанси но голманите беа на ниво на задачата па во првата половина од полувремето мрежите мируваа. Како одминуваше времето така се зголемуваше и жарот во играта се до 14та минута кога Матрикс преку Брњарчевски успеа да поведе со 1-0. До крајот на полувремето екипата на УНИКА имаше неколку одлични шанси но слаба реализација што Матрикс го казни на спротивната страна преку Боневски и поведе со 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на УНИКА започна со силен притисок во предно поле, ваквата игра им донесе намалување на резултатската негатива на 2-1 а до 28та минута успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 2-2 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на УНИКА успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и на крајот од овој дуел да слави со резултат од 2-3.
Кромберг & Шуберт убедливи во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ
Фабрика Карпош – ГИМ 0-7(0-2) Кромберг & Шуберт
Кромберг & Шуберт: Пеце Наумовски 3’ 32’ Иве Трифуновски 22’ 30’ 39’ 40’ Дарко Котевски 2’
Одличен почеток за екипата на Кромберг & Шуберт во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, тие на самиот старт во 2та минута со погодокот на Котевски успеаа да поведат со 0-1, само минута подоцна му се приклучи и Наумовски за водство од 0-2. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше неколку одлични шанси за погодок но слаба реализација. Екипата на Кромберг & Шуберт со чести ротации одржуваше високо темпо на игра кое беше предизвик за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која денеска беше во скратен состав и практично без измена на теренот. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ не успеа да реализира па на паузата се замина со 0-2 во корист на Кромберг & Шуберт. Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт со одлично поставена одбрана не дозволуваше лесен погодок за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ а преку брзи контра напади успеваше да ја зголемува разликата. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ иако имаше одлични шанси реализација немаше среќа во завршницата на нападот, па на крајот од овој дуел екипата на Кромберг & Шуберт славеше со 0-7
Лукоил со цврста игра до победата над ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 5-9(1-4) Лукоил
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 6’ 40’ Тихомир Груевски 26’ Дони Кадриу 39’ Ристе Стефановски 40’
Лукоил: Александар Георгиевски 1’ Горан Стојанов 23’ 32’ Петар Лефков 14’ 20’ 33’ 38’ Димитар Иванов 15’ Марио Антоновски 28’
Одличен почеток за екипата на Лукоил во дуелот со ЕЛЕМ тие уште во првата минута од полувремето успеаа преку голманот Ѓоргиевски да поведат со 0-1. По ова рано водство на Лукоил екипата на ЕЛЕМ притисна во предно поле и преку Ничевски во 6та минута успеа да дојде до израмнување на 1-1. Двете екипи во овој дуел настапија со отворен фудбал користејќи ги своите голмани како голмани играчи со цел да се створи вишок во нападот, што ги направи почетокот на овој натпревар вистинско дерби. Во втората половина од првото полувреме кај екипата на ЕЛЕМ имаше пад на концентрацијата што Лукоил вешто го искористи за зголемување на водството на 1-3. До крајот на полувремето екипата на Лукоил ја имаше контролата врз резултатот па на паузата замина со предност од 1-4. Во второто полувреме се продолжи со цврста и офанзивна игра, екипата на Лукоил имаше подобра реализација па успеа резултатски да се одвои од противникот. Екипата на ЕЛЕМ не успеваше да се одбрани од денес расположените Лукоил. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил не дозволи противникот да ја стопи резултатската предност па на крајот славеше со 5-9.