Артета: Ливерпул освои титула со помалку бодови од тие на Арсенал последните две сезони

Дерби

07/05/2025

14:01

810

Големина на фонт

а а а

Арсенал вечерва му гостува на ПСЖ во реваншот од вториот полуфинален двомеч, а Микел Артета и неговите фудбалери го дочекуваат натпреварот со минимална негатива од првата средба во Лондон.

Шпанскиот стручњак смета дека во битката за трофеи понекогаш одлучуваат и моментумот и среќата, а тоа го илустрирал со примерот на Ливерпул, односно освоените бодови сезонава во Премиер лигата.

– Освојувањето трофеи значи да се биде на вистинското место во вистинскиот момент.

– Ливерпул сезонава ја освои титулата со помалку бодови од тие кои ние ги освоивме последните две сезони, а во кои не стигнавме до титула. Со тие бодови требаше да имаме две премиерлигашки титули.

– Се надевам дека ние ќе бидеме во вистинско време во Париз и ќе избориме финале, – рекол Артета.