Арсен Венгер излезе со јасен став околу еден спорен момент на вчерашното полуфинално дерби меѓу Интер и Барселона и уште на полувремето на дуелот ги критикувал судиите.
Со асистенција на ВАР собата, судијата Марчињак досуди пенал за домаќините по стартот на Кубарси над Лаутаро, но Венгер вели дека одлуката не е фудбалска и ВАР се користи погрешно.
– Целосно сум против вакви пенали каков што му беше досуден на Кубарси.
– ВАР не смее да користи успорена снимка за вакви стартови, ако користите успорена снимка можете да најдете пенал во секој сличен старт.
– Во реално време, тоа беше одличен старт и фудбалерот на Барселона стартуваше на топка. Тој беше прв на топка и подоцнежниот контакт не е воопшто важен, затоа што е инициран од Лаутаро кој нема што друго да направи, – рекол Венгер.