Поранешен шпански голман: Најдобра вест за Реал би била заминување на Флик од Барселона

Дерби

07/05/2025

13:23

1.363

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид сезонава се бори уште само за трофејот во домашното првенство, а таму го очекува ново големо дерби со Барселона и желба да се намали негативата зад единствениот ривал за титулата.

Поранешниот голман на Реал, Сантијаго Кањизарес ги коментирал случувањата на вчерашниот дуел меѓу Интер и Барселона, но поентирал и со интересен став поврзан со тренерот на најголемиот ривал на Реал.

– Грција еднаш освои Европско првенство играјќи бункер и фудбалот не умре.

– Фудбалот е неверојатна игра, вчерашниот натпревар и целиот двомеч беше импресивен, на крајот деталите решаваа. Овој систем е идеален за Барса, но екипата направи премногу дефанзивни грешки и тоа ја чинеше скапо, – рекол шпанскиот голман и го префрлил фокусот на Ханси Флик.

– Флик е позитивна реалност за фудбалот, за Реал Мадрид најдобра вест би била кога Германецот ќе реши да ја напушти Барса и да го преземе Баерн Минхен. Зад секоја добра Барселона стои одличен тренер, а неговата споредба со Куман е како да споредуваш вода со вино, – вели Кањизарес.