Алба се откажа од Евролигата и ќе игра во најелитното натпреварување на ФИБА

Дерби

07/05/2025

14:13

905

Големина на фонт

а а а

Германска Алба реши да ја заврши соработката со Евролигата и следната сезона ќе се натпреварува во најквалитетното натпреварувае на ФИБА, познато како Лига на шампиони.

По 24 сезони поминати во натпреварувањата на Евролигата (Евролига, Еврокуп/УЛЕБ Куп), германскиот шампион очигледно има поинакви планови за иднината, па реши да се врати под закрила на ФИБА и веројатно ќе биде дел од неодамна најавеното елитно натпреварување кое треба да биде под покровителство на НБА лигата.

Најголем успех на Алба во натпреварувањата на ФИБА е освојувањето на Кораќ купот во 1995 година, а сега ќе биде еден од поелитните тимови во новата сезона на Лигата на шампионите.

Во своето соопштение, клубот наведува дека дел од причините за ваква одлука е и промената на условите за добивање лиценца за настап во Евролигата, нешто што не оди во иста насока со клупската филозофија и интенција да се инвестира во млади кошаркари.

Веста доаѓа во пресрет на фајнл-фор турнирот на актуелната сезона во Лигата на шампионите, на кој викендов во Атина ќе настапат АЕК, Галатасарај, Уникаха и Тенерифе.