Ким Кардашијан предизвика бројни реакции откако на Инстаграм објави фотографии од семеен одмор на тропска локација.
Имено, Кардашијан сподели фотографии со своите деца на кои позираше опуштено, но нејзиниот накит привлече особено внимание.
По нејзината објава, инфлуенсерката и експерт за накит Џулија Чаф објави видео во кое ја искритикува Кардашијан за „расфрлање со луксуз“.
Во својот пост, Чаф изјави: „Таа носеше четири нараквици една врз друга на зглобовите, додаде тениска нараквица, а потоа розова нараквица од сафир и дијаманта нараквица која имаше сериозна „вајб“ на принцезата Дијана.“ Секој сафир веројатно има околу три карати и поголеми се од многу свршенички прстени. Вредноста на овој накит е поголема од цената на една куќа.“
Според неа, носењето скап накит на плажа делува како провокација и расипништво.
„Дрскоста да носиш толку многу богатство на ногата додека си на плажа е токму она што ја прави Ким толку фасцинантна. Таа долго време беше фокусирана на дијаманти и смарагди, па затоа е возбудливо е да се види како се префрла на сафири“, додаде Чаф.
Исто така и многу следбеници на социјалните мрежи ја искритикуваа Ким, потсетувајќи се на нејзината изјава по грабежот во Париз во 2016 година.
„Се сеќавате кога рече дека повеќе нема да го објавува својот накит на социјалните мрежи затоа што била ограбена во Париз. Очигледно е дека не се сеќава на тоа“, беа само дел од коментарите.
Со нејзините модни изданија Кардашијан секојдневно го привлекува вниманието на многу следбеници, а неодамна предизвика лавина од реакции позирајќи во провокативно издание без долна облека.
Имено таа позирала додека бирала облека, а на неколку фотографии носела само горен дел направен од пердуви. Реакциите на нејзината модна комбинација беа поделени, некои сметаа дека претерала, додека други не видоа ништо спорно во тоа.