[ФОТО/ВИДЕО] „Беше во вселената 11 минути и сега мислиш дека си вонземјанин“: Кети Пери се соочува со критики, сите го коментираат нејзиниот нов стајлинг

Точка

28/04/2025

21:13

660

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кети Пери привлече големо внимание во јавноста во последните месеци, а едно од нејзините најнови јавни појавувања повторно предизвика низа на критики. Овој пат, таа беше исмејувана поради изборот на облека за настапите на турнејата „Животи“ (Lifetimes).

Имено, Кети Пери беше една од членовите на женскиот екипаж на ракетата „Блу Оринџ“, во која беа и Лорен Санчез, Гејл Кинг, Ајша Боу, Аманда Нгујен и Керијен Флин. Летот траел 11 минути, а тие беа критикувани поради непотребно трошење на ресурси.

Кети Пери не го криеше своето возбудување поради враќањето на Земјата, па инспирирана од овој „лет“ вчера се пофали со својот нов стајлинг за идните настапи на социјалните мрежи, футуристичко одело со многу впечатливи детали.

„Ви го претставуваме KP143“, напиша таа во својот пост на „Икс“.

Најверојатно нејзината цел била со новата облека да добие пофалби од нејзините обожаватели, но тоа не се случило. Кратко по објавувањето, Пери доби низа навреди и негативни коментари дека премногу се фокусирала на нејзиното неодамнешно вселенско патување.

„Беше во вселената 11 минути, а сега мислиш дека си вонземјанин“, „Требаше да останеш во вселената“, „Изгледа чудно“, „Мислев дека е лажна објава“, „Можеш ли те молам да се вратиш во вселената и да останеш таму“, „Очаен обид да останеш релевантна“, „Ја заврши кариерата на поп-ѕвезда“, „Дали мислиш дека сега си астронаут“, „Твојата промоција е очајна“, беа само дел од коментарите под објавата.