[ФОТО/ВИДЕО] Атрактивната Албанка со секси танц и „жешка“ модна комбинација го украде шоуто – Мажите ги „фрли“ во транс

Точка

29/04/2025

11:34

1.743

Големина на фонт

а а а

Рита Ора не престанува да ги воодушевува своите обожаватели со нејзиниот изглед и кореографија, а овој пат сите ги оставила без зборови.

Познатата пејачка со албанско потекло, ужива да ја воодушевува својата публика со предизвикувачки и провокативни настапи, а како што пренесе „Дејли мејл“, таа сега отишла чекор понатаму и сите ги воодушевила со настапот.


Не е тајна дека таа обожува да го истакнува своето тело и сите свои атрибути, а и овој пат нејзиниот изглед не поминал незабележано.


Имено пејачката настапила како предгрупа за Кајли Миног на нејзината турнеја „Tension“ и целосно ги оправдала сите очекувања.


Рита се појавила на сцената во бел комплет составен од шорцови и горен дел, заедно со впечатлив ремен со реси кои се спуштаа до нејзините колена, а никој не остана имун на нејзината завидна фигура.

Пејачката го надополнила своето провокативно издание со бели чизми и впечатлив накит, а кратките снимки од споменатиот концерт за кратко време ги преплавија социјалните мрежи.