Македонци во култната анимирана серија „The Simpsons“ – Ќе бидат дел од најновата епизода

Точка

25/04/2025

12:06

2.390

Големина на фонт

а а а

Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе бидат дел од една од најновите епизоди на „The Simpsons“, наречена „Abe League of Their Moe“.

Како што сподели Нешкоска на нејзиниот Фејсбук профил, креаторите на „The Simpsons“ одлучиле да внесат лик — талентиран спортист (играч на бејзбол) кој доаѓа во Спрингфилд за да се приклучи на локален бејзбол тим како голема сензација од Македонија.

ТОП ВЕСТ! Македонци на "The Simpsons"


Заедно со мојот брат Наум, и со сестра ми Kalina, со која заедно го водиме...

Posted by Nev Neškoska on Thursday, April 24, 2025

Во однос на тоа како биле вклучени во епизодата Невена рече: „Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски“.


Инаку оваа епизода премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27-ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија „FOX“, а истражува теми како пријателство, натпреварување и значење на ферплејот.

Повеќе информации за самата епизода можете да погледнете во линковите подолу:

https://m.imdb.com/news/ni65242159/?ref_=nm_nwr_2

https://simpsonswiki.com/wiki/Abe_League_of_Their_Moe