Загрижувачки фотографии од Барон Трамп: Тајната служба му го контролира животот

Точка

25/04/2025

15:29

1.527

Големина на фонт

а а а

Барон Трамп, познат по секогаш уредно залижаната коса и формалните комбинации на облека, сега е виден во далеку поопуштено издание, различно од она на кое јавноста е навикната.

Висок дури 206 сантиметри, 19-годишниот син на американскиот претседател Доналд Трамп дефинитивно не поминува незабележано, а студентскиот живот му донел и нови модни навики.

Иако на инаугурации и политички настани доследно носеше зализана фризура, очигледно тоа не е неговиот секојдневен стил. Истото важи и за класичните одела што најчесто ги носеше.

Барон неодамна беше забележан на универзитетот во Њујорк во лежерна комбинација – бела поло маичка и беж панталони, што е доста невообичаено за момче кое речиси секогаш се облекуваше како својот татко. Овојпат, косата му беше разбушавена, без трага од гел.

Инаку, синот на Доналд Трамп студира финансии на престижното училиште за бизнис во Њујорк, а неговото присуство на кампусот предизвика вистинска бура. Исто така, од безбедносни причини, Барон не смее да го сподели својот мобилен број со колегите од факултет, па комуницира со нив на алтернативни начини.