Хрватската пејачка Северина Вучковиќ го прослави 53-тиот роденден, а големата роденденска прослава се одржала на еден селски имот. Северина славела во друштво на семејството, пријателите и колегите, а дел од атмосферата од прославата откри во фотографии и видеоснимки коишто го објави на својот профил на Инстаграм.
„Девојка од село го прослави роденденот“, напишала кратко Северина со видеото во кое им покажала на своите обожаватели и следбеници на Инстаграм како си поминала на роденденот.
Прославата се одржала во природа, на селски имот, а многу луѓе сакале да го одбележат нејзиниот посебен ден со пејачката и да ѝ го честитаат роденденот.
Северина, исто така, внимателно го избрала својот роденденски фустан, па се одлучила за комбинација во беж тонови. Таа искомбинирала беж џемпер V-изрез со проѕирно миди здолниште од органза украсено со 3Д цвеќиња во нежно розови нијанси, кои исто така имаат и стебленце.
„Голото“ здолниште е навистина главната ѕвезда на комбинацијата, а Северина уште еднаш покажа дека таквите „ризични“ модни парчиња ги носи со многу стил и со став.
Кога станува збор за обувки, славеничката се одлучила за удобност во фини беж мокасини од брендот „Лор“, кои се најпопуларниот модел на рамни обувки за пролет, заедно со балетанките.
Но, најинтересно парче е чантата со кратка рачка што Северина ја покажа во видеото и на фотографиите, модел во форма на букет во комбинација од црни и розови цвеќиња, потпишан од ирската дизајнерка Симон Роча.
Чантата, која изгледа како букет цвеќе, се нарекува „Букет чанта“. Моментално не е достапна во официјалната веб-продавница на брендот, но нејзината цена е 395 фунти (околу 460 евра).
Кој сè присуствувал на роденденската забава?
Северина не ја тргала насмевката од лицето додека ги поздравувала гостите, меѓу кои биле и нејзината внука Миа, пријателите Соња Дворник, Андреа Чермак и Даниела Гајски, како и двајца менаџери - сегашниот Томица Петровиќ и поранешниот Едвин Софтиќ. На прославата се приклучила и нејзината адвокатка Јасминка Билош, како и многу други долгогодишни соработници и пријатели.
Танцувала на Снуп Дог
Пејачката споделила видео на кое таа танцува на роденденската забава додека во позадина оди инспиративниот говор на Снуп Дог.
„На крај, но не и најмалку важно, сакам да се заблагодарам себеси. Сакам да се заблагодарам себеси што верував во себе. Сакам да се заблагодарам себеси што ја работам оваа напорна работа. Сакам да си се заблагодарам што немав слободни денови. Сакам да се заблагодарам себеси што никогаш не се откажував. Да си се заблагодарам што секогаш давав. И се обидувам да дадам повеќе отколку што ќе примам. Сакам да си се заблагодарам што се обидувам да направам повеќе исправни, од лоши работи. Сакам да си се заблагодарам што сум јас во секој миг“, цитирала Северина во описот на објавата.