Погледнете колку чини ноќевање на карпа на Бали: Се спие во „Боинг“ претворен во ексклузивна вила со базен

Точка

22/04/2025

11:12

782

Големина на фонт

а а а

На карпа висока 150 метри над плажа на Бали, се наоѓа едно од најнеобичните луксузни сместувања на светот – некогашен „Боинг 737“, сега претворен во ексклузивна вила со базен и поглед кон океанот.

Од авион до луксузна вила

Вилата го носи името „Private Jet by Hanging Gardens“ и се протега на 100 метри квадратни. Има две спални соби, дневна соба, кујна и луксузно уреден тоалет, сместен во поранешниот пилотски кокпит.


На крилото од авионот се наоѓа тераса, додека пак базенот е поставен на самата карпа. До влезот се доаѓа по пат на скали кои се наоѓаат на крилото од авионот. Цената на едно ноќевање почнува од околу 7.000 евра.

Повеќе од две години до реализација

Авионот бил повлечен од употреба во 2008 година, а прво требало да биде преуреден во ресторан. Тој план сепак не бил реализиран. Дури во 2021 година инвеститорот Феликс Демин го купил авионот и одлучил да го претвори во луксузно сместување. Проектот бил реализиран со помош на дизајнерското студио „Геометриум“.

„Дури и пред да го купам, помислив дека е можно да го претворам во некој вид уникатен објект и одлучив да се фокусирам на правење вила“, изјавил Феликс.

Процесот на трансформација траел над две години, а самото планирање траело два месеци.

„Моравме да го расклопиме по консултација со тимот на Боинг. Извадивме 50.000 шрафови“, изјавил Феликс.

„Тоа беа петте најнепроспиени дена во мојот живот“, додал Феликс.


Загриженост поради безбедност

Иако објектот поминал низ безбедносни проверки, видеата на социјалните мрежи предизвикале загриженост. Инфлуенсерите кои шетале по крилата од авионот го поттикнале Феликс да постави безбедноста ограда, како и заштитни бариери, пишува „Forbes“.

„Еден ден дојдов и видов скршена ограда и 150 луѓе како седат на нашиот авион“, раскажал тој. Додал дека параглајдери ја користеле оградата од авионот како рампа за скокање.


„Главниот проблем е стаклената ограда која треба да биде во должина на контурите на крилата од авионот. Сите се преплашени да го направат тоа. Постојат одредени тешкотии со тоа, особено со крилото. Но секако дека ќе го направиме тоа“, заклучил Феликс.