[ФОТО] Блогерка за патување го посетила „злогласниот“ италијански град: Пејзажот е неверојатен, а луѓето прекрасни

Точка

22/04/2025

12:08

1.399

Големина на фонт

а а а

Блогерката за патување, Вита Молине го сподели нејзиното искуство од патувањето во италијанскиот град, кој многумина го нарекуваат злогласен. Станува збор за Неапол, кој се наоѓа на југот од Италија.

Во напис за „Express.uk“, блогерката откри како реагирале нејзините пријатели кога дознале дека заедно со нејзиниот брат ќе патува во овој италијански град.


„Овој раздвижен град има лоша репутација, но ми се допадна секоја секунда од моето патување таму. Кога брат ми и јас го резервиравме нашето патување во Италија, сакавме да отидеме на некое малку поинакво место“, напишала таа.

Бидејќи веќе биле во Монеља, место кое се наоѓа во близина на популарната Чинкве Тере, како и во Фиренца и Сиена, овојпат се одлучиле за Неапол, кој, како што рече, е познат по пицата, раздвижениот ноќен живот и калдрмата.


„Нѝ го опишаа како ужасно, опасно и страшно место. Изненадена од таквите реакции, ги проверив социјалните мрежи и најдов многу снимки од луѓе кои зборуваат зошто никогаш нема да се вратат во Неапол, велејќи дека градот има „киднапирачки вибрации“ и дека е еден од најопасните градови во светот“, истакнала Вита.


Таа признала дека не била рамнодушна, но смета дека тоа била добра лекција зошто не треба да верувате во сè што ќе видите на интернет. Сепак, таа истакнала дека Неапол се разликува од другите италијански градови кои ги посетила.

„Беше малку запуштено, со патишта со дупки и графити на ѕидовите. Сепак, веќе имаше што да се засака“, рекла Молине.


„Бидејќи летот нѝ беше одложен, во Неапол пристигнавме дури во еден часот по полноќ, а и покрај тоа што беше многу доцна нашиот „Airbnb“ домаќин лично дојде да нè земе од аеродромот за да можеме да се сместиме. Ова беше увид во неверојатните луѓе од Неапол и нивната добрина“, раскажала таа.

Првиот ден го посетиле „Quartieri Spagnoli“, лавиринт од калдрма и бројни пазари, излози и украсени куќи, а атмосферата во градот била возбудлива. Ја посетиле и тврдината Кастел Сант Елма од која се нуди прекрасен поглед на градот. Но, таа била фасцинирана од друго нешто.


„Друго неверојатно нешто за Неапол е колку е блиску до античкиот локалитет Помпеја, место кое сакав да го посетам уште од детството. Древното село кое исчезнало при ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера е едно од најдобро зачуваните историски места во светот, со сè, од домови до дворови и лозја за истражување“, раскажала Молине.



По враќањето во Неапол, тие го доживеале шармот на ноќниот живот, каде се напиле и ја вкусиле познатата неаполска пица.


„Поминавме три дена во Неапол и ни се допадна секоја минута. Да, има метеж и за преминувањето на улиците бара храброст и општо непочитување на вашиот живот, но градот е толку раздвижен. Градот е полн со акција, глетката е неверојатна, а луѓето се прекрасни. Не треба да верувате во се што ќе прочитате на интернет, но ако го читате ова и се прашувате дали треба да одите во Неапол – верувајте ми, треба“, порача Вита.