Невролог советува: Оваа намирница возрасните со одлично помнење не ја прескокнуваат – еве за што е добра

Точка

22/04/2025

09:35

1.723

Големина на фонт

а а а

Одредени намирници се преполни со нутриенти кои го одржуваат здравјето на мозокот – краткорочно, односно кога ви е потребен фокус, но и долгорочно при заштита од когнитивен пад и деменција.

Иако исхраната не е единствениот фактор во одржување на помнењето, сепак таа има важна улога, а според зборовите на неврологот д-р Грег Копр, постои една намирница која секој од нас треба да ја вклучи во секојдневната исхрана, а тоа се оревите.


Зошто баш ореви?

Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини и антиоксиданти кои докажано ги намалуваат воспаленијата во телото, вклучувајќи го и мозокот.

Помали воспаленија – подобра функција на мозокот. Студиите покажуваат дека редовното консумирање ореви придонесува во подобро помнење, учење, координација, а дури го намалува и нивото на анксиозност.

Едно истражување покажало дека младите кои за појадок јаделе ореви имале подобра меморија шест часа подоцна.


Колку ореви треба да изедете?

Д-р Купер препорачува една дланка ореви дневно или барем пет порции неделно. Може да ги јадете чисти, да ги додадете во овесна каша или во салата.

Иако оревите се одличен сојузник за здрав мозок, важно е да имате разновидна и избалансирана исхрана.