[ФОТО] Строго забрането: Мистично село во кое не смее да се влезе по зајдисонце

Точка

22/04/2025

16:46

866

Големина на фонт

а а а

Индија е земја на приказни. Таму живеат милиони народни легенди и митови, а во многу од нив жителите и денес веруваат. Едно од најмистичните места во земјата е тврдината Бангарх, за која се вели дека е место кадешто живеат духови. Станува збор за заштитен споменик под надзор на Археолошкиот институт на Индија (АСИ), поради што таму ноќе престојот е забранет.

Таму нема духови, барем според зборовите на чуварите. Оние кои сакаат со свои очи да видат како изгледа местото понекогаш влегуваат во тврдината и по зајдисонце, без разлика што влезот е противзаконски. Тие честопати ги споделуваат своите искуства на форуми и блогови и тврдат дека чуварите таму ги пуштиле со поткуп. Инаку за да влезете по зајдисонце, треба да побарате посебна дозвола од индиските власти.



Ако некогаш се најдете во овој дел од Индија, Бангарх можете да го пронајдете на 78 километри од Џајпур. Можете да изнајмите такси, по можност со резервна гума бидејќи патот не е најдобар. Тврдината Банграх е сместена помеѓу Џајпур и Алвар во Раџастан. Иако е во урнатини, сепак изгледа волшебно поради мирното и зелено окружување. Напуштените останки се спомен на прекрасното кралство изградено од Мадо Синг, помладиот брат на познатиот генерал, Ман Синг.


Спомени од минатото

Љубопитните луѓе тврдат дека пејзажот што води до тврдината е пуст и морничав и споменуваат чудно чувство, но не и духови. Меѓутоа, локалните приказни раскажуваат за исчезнати луѓе и чудни гласови што се слушаат од урнатините. На влезот посетителите ги пречекува предупредување од Археолошкиот институт на Индија: „Влегувањето во Бангарх пред изгрејсонце и по зајдисонце е строго забрането“. Главниот влез води низ остатоците од градот, а во рамките на тврдината има остатоци од палати, храмови и напуштени пазари.


Локалните жители веруваат дека оние кои влегле во тврдината откако ќе се стемни, никогаш не биле пронајдени. Една од легендите вели дека моќен волшебник забранил секоја куќа во Бангарх да биде повисока од неговата. Доколку паднала сенка врз неговиот дом – градот ќе бил уништен. Внукот на Мадо Синг, Ајаб Синг, го игнорирал предупредувањето и изградил висока градба. Сенка паднала врз куќата на волшебникот и градот исчезнал.


Друга верзија вели дека овој волшебник бил вљубен во принцезата Ратнавати. Еден ден ѝ го заменил парфемот со напиток што требал да ја натера да го засака. Ратнавати ја открила измамата и го фрлил садот со напиток на камен, кој се истркалал и го убил волшебникот.

Пред неговата смрт, тој го проколнал целиот град велејќи дека Бангарх ќе биде уништен и никој никогаш повеќе нема да може да живее таму.