Нетфликс воведува пребарување со вештачка интелигенција: Вака би можеле да ги избираме сериите во иднина

Точка

14/04/2025

17:15

764

Големина на фонт

а а а

Нетфликс сè уште нема објавено точен датум за пошироко лансирање, но јасно е дека ова пребарување со вештачка интелигенција има потенцијал да го промени начинот на кој милиони корисници откриваат содржина на платформата.

Netflix започна со тестирање на нова функција за пребарување што користи вештачка интелигенција од OpenAI, со цел да им го олесни на корисниците пронаоѓањето на филмови и серии, пренесува Bloomberg. Оваа иновативна опција моментално е достапна за избрани корисници во Австралија и Нов Зеланд.


За разлика од претходните методи на пребарување кои се потпираа на наслови, имиња на актери или жанрови, новата функција им овозможува на корисниците да бараат содржина користејќи термини поврзани со расположение или емоции. На пример, пребарување како „тажно“ ќе прикаже серии што одговараат на таа емоционална состојба.


Нетфликс веќе користи вештачка интелигенција во својот алгоритам за препораки, анализирајќи ја историјата на гледање за да предложи содржина што се совпаѓа со интересите на корисникот. Интегрирањето на функцијата од OpenAI претставува дел од пошироката стратегија на компанијата за унапредување на корисничкото искуство.


Во моментов, функцијата е достапна само на iOS-уреди во Австралија и Нов Зеланд. Bloomberg објави дека Нетфликс планира да го прошири тестирањето и во други земји, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави. Иако компанијата досега често ги воведуваше новите функции најпрво на Android-уредите, овојпат сè уште не е познато кога и дали корисниците на Android ќе добијат пристап до оваа нова опција во наредните фази од тестирањето.