Ќерката на Михаел Шумахер, Џина Марија (28), и нејзиниот сопруг Јан Бетке го добија своето прво дете.
„Добредојде на светот, Мили. Родена на 29 март, нашите срца се полни повеќе од кога било. Неизмерно сме благословени што те имаме во нашите животи“, напиша Џина Марија на Инстаграм покрај црно-бела фотографија од својата новородена ќерка.
Објавата предизвика лавина честитки и поддршка од обожавателите.
„Честитки! Пресреќен сум поради тебе. Ќе бидеш неверојатна мајка“, напиша еден следбеник, додека друг додаде: „Прекрасно! Најголемата радост што некој може да ја има.“
Не е познато дали Михаел присуствувал на венчавката на ќерка си
Да потсетиме, среќната вест за бременоста, како и полот на бебето, Џина Марија ја откри во декември 2024 година преку социјалните мрежи.
Кон крајот на септември, таа се омажи за својот долгогодишен партнер. Свечената и приватна церемонија се одржа во семејната луксузна вила „Јасмин“. За да се избегнат евентуални непријатности, младенците наводно забраниле користење мобилни телефони и фотографирање.
Според британскиот "Daily Mail", за сите гости по венчавката била организирана забава со жива кантри музика. Меѓу бројните гости бил и вујкото на невестата, Ралф Шумахер, кој присуствувал со својот партнер Етиен Буске-Касан. Сè уште не е познато дали Михаел Шумахер бил присутен, со оглед на тоа што нема нови информации за неговата здравствена состојба по несреќата на скијање во Мерибел во 2013 година.
Џина и Јан се заедно седум години
Џина и Јан се заедно од 2017 година, а се запознале благодарение на нивната заедничка љубов кон коњите и јавањето. Џина, ќерката на славниот Формула 1 шампион, се натпреварува во повеќе дисциплини во јавање и постигнува одлични резултати. Дека одлучиле да стапат во брак, таа објави на почетокот од 2024 година.