[ФОТО] Секси девојката на славниот тренер го прослави 24. роденден: Не им пречи разликата од 48 години

Точка

07/04/2025

22:51

717

Големина на фонт

а а а

Бил Беличик и неговата скоро пет децении помлада партнерка Џордан Хадсон редовно споделуваат детали од својот приватен живот откако се заедно, од летото минатата година.

Славниот НФЛ тренер Бил Беличик (72) веќе извесно време е во врска со Џордан Хадсон, која пред неколку дена го прослави својот 24. роденден, а во јавноста почнаа да кружат гласини за свршувачка, бидејќи убавицата беше видена со голем прстен на левата рака за време на Супербоулот.

Веста за нивната романса првпат се појави во јуни минатата година, откако најуспешниот тренер во историјата на НФЛ ја прекина својата долгогодишна врска со Линда Холидеј.

Иако нивната огромна разлика во години – речиси 50 – често е тема на коментари, тоа не претставува пречка ниту за него, ниту за неговата помлада избраничка, која на социјалните мрежи се пофали со роденденските подароци.


Таа објави фотографии од букет црвени рози, кошаркарски дрес со бројот 24 и нејзиното име, како и луксузна чанта со мотив од змија …

Се зборува дека славниот тренер и поранешната навивачка веќе неколку месеци живеат заедно, па гласините за венчавка стануваат сè погласни.