Раниери му објасни на Буфон зошто не сака да остане во Рома

Дерби

07/04/2025

11:57

564

Големина на фонт

а а а

Клаудио Раниери засега се уште се држи до својата првична одлука и цел, па иако успеа на неверојатен начин да ја препороди Рома, негов план е да го отстапи кормилото на друг тренер на крајот од сезоната.

Газдите на Рома почнаа да прават притисоци и бараат од Раниери да остане лидер на тимот најмалку уште една сезона, но Клаудио вели дека има други планови и дека најверојатно ќе стави крај на една убава и незаборавна приказна на крајот на месец мај.

Присуството на трибините на познатиот Ерик Тен Хаг дополнително ги зголеми шпекулациите дека Рома сериозна е во потрага по нов тренер, а Џиџи Буфон како специјален гостин во студиото на „ДАЗН“ директно му постави прашање на Раниери зошто би оставил работа за која се покажа идеален во последните неколку месеци.

– Јас се пензионирав минатата година и потоа добив доста понуди. Одбив многу клубови и реков дека ќе одговорам позитивно само на Рома и Калјари. Исто така, посакував тоа да не се случи, бидејќи ако добијам повик, тоа значи дека нешто не е во ред.

– Кога си замина Де Роси, мислев дека можам да бидам мирен со ангажманот на Јуриќ, но не испадна така. Патував низ светот цели 35 години, но реално, никогаш немав доволно време за да видам што има околу мене. Пред да умрам, сакам да видам што има во светот покрај фудбалот. Мислам дека тоа е доволно фер. Биг Бен кулата во Лондон и натаму отчукува, а истата вели дека моето време полека истекува, – во свој стил порачува Раниери.