Зверев: Ќе има четворица главни јунаци во тенисот до крајот на 2025. година

Дерби

07/04/2025

14:25

805

Големина на фонт

а а а

Стартот на сезоната на земјена подлога секогаш ни носи големи возбудувања, но и изненадувања во светскиот тенис, но ако се суди според она што беше видено во изминатиот месец, оваа година може да биде една од најнепредвидливите во белиот спорт.

Џејк Дрејпер и Јакуб Меншик се закитија со титулите на Индијан Велс и Мајами и режираа големи изненадувања на патот до најголемите победи во кариерите, па иако и двајцата имаат доволно добри аргументи да веруваат во добри настапи и во преостанатиот дел од годината, Александар Зверев сепак смета дека главната битка ќе се води меѓу четворица.

Популарниот Саша верува дкеа главниот збор на грен слем турнирите ќе го имаат најдобрите четворица тенисери, а покрај себе, во тој круг ги вметна уште Ѓоковиќ, Алкарас и Синер.

– Секоја чест за тенисерите кои надоаѓаат, но ние четворица играме тенис на друго ниво. Синер, јас кој се уште сум втор на светот, Алкарас и Ѓоковиќ. Јас имав ужасен крај на минатата година, Алкарас имаше подеми и падови, а Синер беше најконстантен. Сега повторно сум блиску до најдобрите, исто како и Ѓоковиќ.

– Убеден сум дека ние четворица ќе го имаме главниот збори во 2025-та година, убеден сум дека ние ќе бидеме главните јунаци. Се чувствувам свежо и подготвен сум да направам исчекор на сезоната на земјена подлога, – вели Зверев во интервјуто за римска „Република“.