Одбрана на сезоната во Хрватска: Поранешен голман на Динамо со фантастичен рефлекс ја спаси атрактивната водителка

Дерби

07/04/2025

13:06

1.296

Големина на фонт

а а а

Ријека ја продолжи шампионската битка со Хајдук и го одржа чекорот со ривалот од Сплит откако вчера оствари минимална победа на гостувањето во Загреб, и тоа во натпревар без преголеми шанси на двете страни.

Ријека славеше против Локомотива со 0:1 и повторно дојде на „минус еден“ од лидерот на табелата, но од најавата на оваа средба, ни пристигнува и една ситуација која во Хрватска се означува како одбрана на сезоната.

Атрактивната водителка Валентина Милетиќ секогаш го има главниот збор во студиото на „МаксСпорт“, но вчера имала среќа што блиску до неа бил поранешен голман.

Во најавата за натпреварот од 28-то коло, силниот ветар во Загреб го растурил импровизираното студио на познатата телевизија, па еден рефлектор за малку не завршил во главата на водителката.

Такво нешто спречил поранешниот голман на Динамо, Иван Келава, кој за својата реакција беше поздравен од фановите, но и од самата Валентина која го нарече неговиот потег „одбрана на сезоната“.