[ВИДЕО] Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

Макфакс

07/04/2025

12:22

813

Големина на фонт

а а а

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.

„Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните проблеми на луѓето. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област и сфера во којшто нешто добро се случува. Гледајте што се случува со платите на работниците, ги убедуваат дека можат да живеат со 400 евра месечно. Видете што се случува во земјоделството, сите субвенции се намалени. Видете какви катастрофални политики се воведуваат во образованието. Видете што се случува во здравството. Здравството е на колена“, рече Филипче.

Тој најави силна и консолидирана СДСМ подготвена за борба на сите нивоа: „Ќе бидеме гласни, ќе бидеме искрени и ќе покажеме дека постои алтернатива. Да ја вратиме државата на вистинскиот пат, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани.

Филипче, кој освои двојно повеќе гласови од претходниот пат, потенцираше дека ова не е негова лична победа, туку заедничка победа на сите членови на СДСМ кои веруваат во правичноста, еднаквоста и напредокот – вредности кои, како што рече, денешната Влада целосно ги погазила.