[ФОТО] Милијардерот разводот го опиша како најголема грешка, а сега шета со новата избраничка

Точка

07/04/2025

20:46

1.554

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Бил Гејтс присуствуваше на 11. доделување на награди во Калифорнија заедно со својата нова партнерка Паула Херд.

Еден од најбогатите луѓе на планетата, Гејтс беше гостин на свеченоста во Санта Моника, која собра многу познати личности од светот на технологијата, забавата и бизнисот.

На настанот присуствуваа и Џеф Безос со својата вереница Лорин Санчез, кои привлекоа големо внимание на црвениот тепих, но и Гејтс и неговата придружничка не заостануваа во впечатоците.


Паула се појави во елегантен црн фустан со набори и суптилен изрез во пределот на градите. Бидејќи фустанот беше со едно рамо, таа додаде само еден пар обетки, оставајќи сјајот на фустанот да го направи остатокот од впечатокот.

Гејтс изгледаше одлично во класично црно одело со бела кошула, а според нивните насмевки, парот изгледаше среќно и видно уживаше во меѓусебното друштво.


Тие беа првпат забележани заедно во 2023 година, а јавноста веќе знае дека Паула е вдовица на Марк Херд, поранешен извршен директор на "Oracle Corporation". Претходно, таа работела како технички раководител во "NCR Global".

Бил Гејтс неодамна повторно беше во фокусот на јавноста откако отворено зборуваше за разводот од Мелинда по 27 години брак, кој го опиша како најголема грешка во животот.


Овој развод остана запаметен и по тоа што го чинеше Гејтс дури 12,5 милијарди долари.