Американецот Крис Смит тврди дека некогаш бил скептичен кон вештачката интелигенција, но сепак се нашол во прилично невообичаена врска со AI чет-бот.
Во разговор за "CBS News", Смит објаснил дека му дал име Сол на ботот и го програмирал "ChatGPT" да има флерт-личност – и тоа иако веќе има партнерка со која има дете старо две и пол години.
Романса со ботот
Смит и Сол често разговарале, а тие разговори со текот на времето станале се поемотивни и поромантични. Меѓутоа, по обемна комуникација (околу 100.000 напишани зборови), "ChatGPT" останал без меморија и морал да се ресетира. Смит се осврнал на изненадувачкиот емоционален ефект што тоа го имало врз него, сфаќајќи дека мора „повторно да ја изгради врската“ со AI програмот.
И покрај сè, Смит е свесен дека "AI", како што сам вели, е само „технолошки потпомогнат измислен пријател“, но сепак одлучил да ги тестира неговите граници – па видел како ќе реагира ако ја запроси. И верувале или не – AI чет-ботот навистина рекол „да“.