Во Русија започна тестирањето на вакцина против рак врз доброволци

Точка

20/06/2025

17:36

510

Големина на фонт

а а а

Русија започна клиничко испитување на новата онколитичка вакцина „Ентеромикс“, во кое се вклучени 48 доброволци, а досега се забележани минимални токсични ефекти по апликацијата на вакцината.

За ова денеска зборуваше академикот на Руската академија на науки и главен онколог при Министерството за здравство на Русија, Андреј Каприн, кој е и директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, пренесе руската новинска агенција ТАСС.


„Првата фаза од клиничкото испитување со оваа вакцина веќе започна. Вклучени се 48 доброволци. Токсичните ефекти се главно сосема мали“, изјави Каприн за време на сесијата насловена „Развој на персонализирани онколошки лекови: иднината е веќе тука“.


Во Русија се работи на развој на повеќе онковакцини, меѓу кои е и „Ентеромикс“ – онколитичка вакцина на која работат експерти од областа на радиологијата при Министерството за здравство во соработка со Институтот за молекуларна биологија „Енгелхарт“ при Руската академија на науки.


Покрај тоа, се развива и персонализирана мРНК вакцина, како заеднички проект на НМИЦ за радиологија и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.