Моста Ротунда е римокатоличка црква во Малта, сместена во истоимениот град. Покрај тоа што наликува на Римскиот Пантеон, има огромна купола која некогаш била трета по големина во светот. Исто така таа е најголемата и најпознатата црква во Малта.
Внатрешноста е пространа и импресивна, но она што е уште пофасцинантно е необичниот детаљ што може да го пропуштите доколку погледот ви биде насочен кон куполата, а тоа е: Бомба.
Ова го нема ниту во Ватикан
Малку е бизарна помислата дека додека седите на светата миса и ја слушате свештеничката „Божји мир на сите“ покрај вас стои бомба на подот. Но, постои добра – и донекаде чудесна – причина за тоа.
Имено за време на Втората светска војна, нацистичките воздухопловни сили ја бомбардирале Малта. За време на бомбардирањето во 1942 година, бомба тешка 500 килограми паднала врз црквата токму за време на миса.
Ја пробила куполата, паднала внатре, удрила во ѕидот и се тркалала на подот. Во еден момент таа застанала и можеме само да замислиме колку филмски изгледало сето тоа, но на крајот бомбата воопшто не експлодирала.
Тоа што бомбата не експлодирала и не е толку редок настан, но верниците од Малта заклучиле дека тоа е чудо поради целиот контекст во кој се случил настанот. Никој не бил повреден, а двете бомби кои подоцна паднале се одбиле од рабовите на куполата, одлетале на плоштадот пред црквата и – исто така не експлодирале.
Меѓутоа се поставува прашањето, зошто уште ја чуваат бомбата в црква? Имено вистинската бомба која паднала во 1942 година била неутрализирана и фрлена во морето заедно со другите на западниот брег на Малта. Онаа што денеска е изложена во црквата наликува на неа и е сосема безбедна – нема да експлодира. Така што црквата може мирно да се посети.