Коосновачот на компанијата "Google", Сергеј Брин, изјави дека смета луѓето треба да работат по 60 часа неделно.
Во внатрешен меморандум, во кој увид имал "NewYork Times", Брин повторно ги повика вработените да посветат 60 часа неделно на работа, за да може "Google" да држи чекор со "Microsoft" и "OpenAI" во трката за развој на вештачката интелигенција.
Брин е исто така заговорник на работа од канцеларија, бидејќи, според него, таа носи подобра продуктивност. Тој препорача вработените да ја посетуваат канцеларијата секој работен ден за да ја завршат својата работа поефикасно.

„Мислам дека 60 часа неделно е сосема доволно. Одреден број луѓе работат помалку од тоа, а мал број го работи само минимумот – доволно за да преживеат“, изјави Брин.
Иако свесен дека психичката исцрпеност и согорувањето (burnout) сè уште се актуелни проблеми кај програмерите, Брин истовремено повика на зголемена употреба на алатки за вештачка интелигенција.

Брин не е единствениот бизнис лидер кој се залага за екстремно долго работно време. Извршниот директор на "Infosys", Нарајана Мурти, неодамна ги повика индиските работници да работат дури 70 часа неделно, со цел да ја надминат сиромаштијата во земјата.