„Аларманти“ нивоа на микропластика биле пронајдени во големите реки низ Европа, предупредија научниците во 14 студии објавени денеска во „The Journal of Environmental Science and Pollution Research“.
„Загадувањето е присутно во сите анализирани европски реки“, рекол францускиот научник Жан-Франсоа Гиглионе, координатор на сеопфатната операција низ девет значајни реки, од Темза до Тибар.
Во сите реки опфатени со истражувањето било забележано „алармантно“ загадување од просечни „три микропластични честички на метар кубен вода“.
Ова е далеку од 40-те микропластични честички забележани во 10-те најзагадени реки во светот. На прво место е Жолтата река, потоа Јангце, Меконг, Ганг, Нил, Инд, Амур, Перл Ривер и Хаи Хе, кои ги натопуваат почвите земјите со најголемо производство на пластика во светот и најголемо количество преработен пластичен отпад.
Сепак, ова не го вклучува волуменот на водата која тече.
3000 честички во секунда
Во Рона во близина на градот Валенс, Франција, брзиот проток значи дека „секоја секунда минуваат 3.000 пластични честички“, додека Сена во Париз брои околу 900 во секунда, рекол Гиглионе.
„Масата на пластика невидлива со голо око е позначајна од видливата пластика“, додал Гиглионе, а тоа е резултат што ги „изненадил“ научниците. Ова го потврдија аналитичките наоди за време на истражувањата започнати во 2019 година.
„Големата микропластика лебди и се собира на површината, додека невидливата микропластика се шири низ водата и ја голтаат бројни животни и организми“, објаснил Гиглионе, раководител на одделот за морска микробијална екотоксикологија во Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS).
Биле земени примероци од вода во утоките на реките Елба, Ебро и Гарона во Шпанија, Лоара, Рона, Рајна, Сена, Темза и Тибер. Примероците ги собрале околу 40 хемичари, биолози и физичари од 10 научни лаборатории.
„Микропластиката е помала од зрно ориз“, рекла Александра Тер Хале, хемичарка од CNRS во Тулуз.
„Солзи на сирена“
Честичките се помали од пет милиметри, а најмалите не се видливи со голо око.
Станува збор за честички од синтетички текстилни влакна кои се ослободуваат при перење алишта и микропластика од автомобилски гуми или микропластика која се ослободува кога се отвораат капачињата на пластичните шишиња.
Научниците, исто така, во речните води откриле пластични пелети отпорни на топлина и хемиска корозија, вклучително и полиетилен (PE), полипропилен (PP), зајакнат полипропилен (RPP), поливинил хлорид (PVC), хлориран поливинил хлорид (CPVC) и поливинилиден флуорид (PVDF).
Во едно истражување на микропластиката во Лоара, Франција, била пронајдена заразна бактерија, која може да предизвика инфекции кај луѓето.
Друго неочекувано откритие е дека четвртина од микропластиката во реките не доаѓа од отпад, туку од индустриски пластични пелети.
Тие гранули наречени „солзи на сирена“ можат да се најдат расфрлани на плажите по поморски инциденти.
Гиглионе предупредил дека она што го гледаме е распространето загадување кое „доаѓа од секаде“ во реките.
„Нашата научна меѓународна коалиција, дел од меѓународните преговори спонзорирани од ОН за намалување на загадувањето со пластика, бара значително намалување на примарното производство на пластика бидејќи знаеме дека производството на пластика е директно поврзано со загадувањето“, потенцирал Гиглионе.