"Hyundai" го претстави новиот концепт – Изгледа фантастично!

Точка

26/03/2025

20:40

2.401

Големина на фонт

а а а

"Hyundai" продолжува да ги истражува границите на електричната мобилност и перформанси преку футуристички концептни автомобили, а најновиот пример на оваа филозофија го носи името "Insteroid" – електричен уникат кој го спојува светот на видеоигрите со вистинското инженерство.

Концептот, кој ќе биде премиерно претставен на почетокот на април, се базира на моделот "Inster", но визуелно и технички дели многу малку елементи со него.

Името "Insteroid" е комбинација од зборовите „Inster“ и „steroid“, што совршено ја одразува неговата агресивна естетика и дизајнерска филозофија.


Впечатливо лого со приказ на дух

Автомобилот доби целосно нова каросерија, со масивно проширени тркала напред и назад, додека внатрешноста е сведена на минимум, опремена со заштитен кафез, спортски седишта и портокалови појаси.

Меѓу деталите што го нагласуваат неговиот тркачки карактер, се специјално дизајнираните бандажи, големото задно крило и инструмент-таблата со „Boost“ копче, модови за возење и специјален „Track Mode“ за тркачки патеки.

На тизер-сликите објавени на социјалните мрежи, се истакнува впечатливо лого со приказ на дух, придружено со портокалови акценти низ целиот автомобил.


„Возбудлив "glitch" во автомобилската индустрија“

„Insteroid е возбудлив "glitch" во автомобилската индустрија, кој на беспрекорен начин ја спојува естетиката на видеоигрите со инженерството на реалниот свет, правејќи автомобил кој изгледа како да е директно пренесен од дигитална тркачка патека“, соопштуваат од "Hyundai".

Додека серискиот "Inster", базиран на моделот "Casper", користи електромотор со сила од 96 до 115 коњски сили, ентузијастите се надеваат дека "Insteroid" ќе добие погон што одговара на неговиот динамичен изглед – можеби дури и двомоторен погон од спортскиот модел "Ioniq 5 N" или од концептот "RN24e", претставен минатата година.

За сега, "Insteroid" останува концепт без потврдени технички спецификации, но јасно покажува дека "Hyundai" сериозно размислува за иднината на електричните автомобили и возачкото уживање.