Пејачката Меган Трејнор покажа голема трансформација на социјалните мрежи и ги изненади своите следбеници. Таа сподели неколку фотографии на Инстаграм, а нејзините обожаватели забележаа дека пејачката драстично ослабела.
Меган позирала во бела маица со кратки ракави што ја носела под проѕирен фустан. Комбинацијата ја комплетирала со грејачи за раце и нозе и високи чизми.
Таа со своите фотографии предизвика лавина реакции, некои ја опсипуваа со комплименти, додека други ја обвинија дека користи лекови за слабеење и покрај тоа што претходно се залагаше за „позитивноста на телото“ (body positivity).
„’Позитивност на телото’ сè додека не го дофатиш оземпикот“, „Ги засрами премногу слабите жени и рече дека ниту еден маж не ги сака, а сега си слаба. Никогаш не те интересеираше ‘позитивноста на телото’“, „Оземпик напомош! Нема повеќе ‘позитивноста на телото’“, ѝ напишаа обожавателите.
Имаше и обожаватели кои ја пофалија нејзината трансформација.
„Некој треба да ја вработи како модел“, „Ти си прекрасна“, „Изгледаш неверојатно“, „Опседната сум“, беа само дел од коментарите.
Пејачката претходно откри дека изгубила речиси 30 килограми откако таа и нејзиниот сопруг Дерил Сабара го дочекаа своето прво дете, синот Рајли, во 2021 година. Во тоа време, вели таа, била на „многу темно место“.
„Имав повеќе од 90 килограми кога отидов на царски рез. Не се чувствував добро. Никогаш не сум имала конци, а потоа ја добив оваа лузна од царскиот рез и бев на многу темно место. Сакав да се чувствувам добро поради мојот син“, рекла Меган.
Пејачката, исто така, споделила дека ја променила исхраната и рутината за вежбање и рекла дека почнала „да се чувствува подобро од кога било“ кога ги изгубила килограмите.
На почетокот на оваа година Трејнор откри дека се подложила операција за зголемување и затегнување на градите.
„Секогаш се борев со тоа да си ги засакам градите пред да ги направам…“, рекла таа, пофалувајќи ја компанијата што ги направила нејзините импланти, бидејќи тие имаат „природен изглед и чувство“.
„Бев на турнеи, работев многу, па неодамна решив да направам нешто само за себе. Откако добив две деца, живеам поздрав начин на живот и слабеам, не можам да бидам посреќна со својата одлука”, додала пејачката позната по хитовите „NO“, „Me Too“, „All About That Bass“ и други.
Инаку, Меган е во брак со Дерил, кој на јавноста ѝ е познат по улогата во филмот „Spy Kids“ и неговите продолженија. Двојката се венча во 2018 година, а покрај синот Рајли, го имаат и синот Бери.