[ФОТО] Како изгледа ќерката на Клаудија Шифер? – Многумина неодоливо ги потсетува на мајка ѝ

Точка

25/03/2025

14:45

2.582

Големина на фонт

а а а

Клементин Попи Вон, ќерката на германската манекенка Клаудија Шифер, ги воодушеви следбениците со неодамнешната објава на Инстаграм.

Имено таа објавила фотографија на која позира во црн костим за капење пред огледало, а носела и шорцови и капа. Нејзините следбеници коментирале дека многу ги потсетува на нејзината мајка во помладите денови.

До неодамна, изгледот на 20-годишната Клементин беше непознат. Нејзината мајка, во договор со сопругот, сите овие години ја штитела приватноста на своите деца, а откако наполнила 18 години, Клементин направила свој профил на Инстаграм кој е отворен за јавноста. Моментално ја следат 27 илјади луѓе. На социјалните мрежи таа објавува фотографии од нејзините патувања, модни настани, ресторани …

Во моментов живее во Њујорк

Клементин Попи Вон е ќерка на Шифер и британскиот филмски режисер Метју Вон. Родена е на 11 ноември 2004 година во Лондон. Пораснала во Сафолк, Англија, каде што развила страст за цртање и фотографија.

Моментално живее во Њујорк. Нејзиниот стил на облека го одразува влијанието на нејзината мајка, често комбинирајќи винтиџ парчиња со модерни трендови.

Покрај Клементин, познатата манекенка го има и синот Каспар и ќерката Косима, кои исто така ги добила со Метју. Парот е во брак од 2002 година, а приватниот живот го чуваат подалеку од очите на јавноста.

Шифер е германски супермодел, актерка и модна икона. Светската слава ја стекнала во 1990-тите со Наоми Кембел, Синди Крафорд и Линда Евангелиста. Таа стана препознатливото лице на брендот Шанел и има украсено повеќе од илјада насловни страници на списанија ширум светот. Покрај манекенската кариера, таа се испробала и во актерството и дизајнот.