[ФОТО] Сексапилната Сидни Свини (27) уживала на сафари без својот вереник: Шпекулациите за нивната разделба не стивнуваат

Точка

24/03/2025

10:36

2.042

Големина на фонт

а а а

Сидни Свини неодамна отпатува на егзотична дестинација и уживаше во сафари со своите пријатели. Актерката замина на одмор среде гласините за нејзиното раскинување на свршувачката со филмскиот продуцент Џонатан Давино, без кого отиде на патувањето.

Имено Сидни сподели неколку фотографии и снимки на својот инстаграм-профил и покажа како си поминала на оваа авантура.

„Ова беше диво“, напиша таа покрај фотографиите.

На неколку фотографии Сидни позира во зелен мини фустан кој го искомбинирала со беж кошула. Актерката на сафарито носеше комбинации во неутрални бои, специфични за тој тип на патување.


Актерката покажала и колку уживала во возењето со автомобил, а снимила и стадо зебри, жирафи и слонови. Судејќи по фотографиите и видеата, таа и нејзините пријатели одлично се забавувале на патувањето. На едно од видеата се гледа како уживаат во пикник во природа.

 Додека таа објави неколку фотографии со своите пријатели, нејзиниот свршеник очигледно е дека не бил присутен на сафарито.

Инаку, неодамна се појавија гласини дека актерката и продуцентот ја откажале свршувачката по три години. Сидни дополнително ги подгреа гласините откако ги избриша сите фотографии со него од социјалните мрежи. Странските медиуми претходно објавија дека Свини престојува во хотел со пријателите и дека нејзиниот свршеник не ја посетил ниту еднаш во речиси еден месец. Дополнително, некои забележале дека таа не го носи свршеничкиот прстен.


Да потсетиме, Сидни и Џонатан требаше да се венчаат во мај, но минатиот месец беше откриено дека ја одложиле венчавката. Како причина тие ги наведоа зафатените распореди и бројните проекти на кои работи актерката. Двојката почна да се забавува во 2018 година, а по четири години врска, тие се свршија. Врската ја чува далеку од јавноста, а актерката годинава за првпат објави фотографија со Џoнатан.

Во 2023 година, Сидни во интервју за „Entertainment Tonight“ признала дека нема многу време да планира свадба. „Работам толку многу! Јас сум вистински работохолик и го сакам тоа, навистина уживам во мојата работа", изјавила таа тогаш. Меѓутоа, во април 2024 година, била фотографирана како излегува од продавница за венчаници во Лос Анџелес, носејќи голема заштитна торба, што навестувало дека подготовките сè уште продолжуваат.


Освен приватно, Сидни и Џонатан соработуваат и на деловен план. Тие работеле заедно на романтичната комедија од 2023 година, „Anyone But You“, во која Сидни глуми, но и го продуцирала филмот со нејзиниот вереник преку својата продукциска куќа „Fifty-Fifty Films“.