[ВИДЕО] Иванка Трамп тренирала џиу-џицу со момчето на Жизел Бундхен

Точка

23/03/2025

15:01

2.639

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, ги покажа своите боречки вештини. На Инстаграм беше објавено видео на кое таа вежба џиу-џицу, во придружба на никој друг туку Хоаким Валенте, момчето на Жизел Бундхен. Тие беа придружувани и од браќата на Хоаким, Гуи и Педро, кои заедно со Хоаким го поседуваат студиото во кое е снимено видеото.

“Џиу-џицу е повеќе од боречка вештина. Вкоренет во античка традиција и префинет со векови, нуди пат до физичка самодоверба, ментална јасност и емоционална рамнотежа. Она што го прави овој пат уште позначаен е тоа што го споделуваме со оние што ги почитуваме и цениме”, се вели во описот на видеото.

На видеото се гледа како Иванка поминува низ потези за самоодбрана со Гуи Валенте, кого неколку пати го удира на подот. Околу половината носеше син појас, кој вообичаено се доделува по одреден период на тренинзи и успешно совладување на основните техники и позиции.

Иванка носела син појас

Ова не е првпат Иванка да се занимава со вежбање. Минатата година таа објави видео на Инстаграм на кое се гледа како изведува пет клучни вежби кои го трансформираа нејзиното тело. Иванка призна дека по години кардио и јога се префрлила на тренинзи за сила, кои и ги зајакнале мускулите.

Жизел и Хоаким на прошетка со своето дете

За потсетување, Хоаким и Жизел претходно беа фотографирани на нивната прва семејна прошетка по доаѓањето на нивното ново бебе. Жизел на 5-ти февруари го роди своето трето дете, прво со Валенте. Иако полот и името првично не беа познати на јавноста, набрзо се појавија информации дека се работи за син кој го добил средното име Ривер.


Манекенката и тренерот на џу-џицу се во врска од јуни 2023 година. „Тие на почетокот беа добри пријатели. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да чува сè во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека таа минуваше низ развод. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод“, изјави претходно извор за странските медиуми.