Бразилската манекенка Жизел Бундшен (44) и нејзиниот партнер Хоаким Валенте биле фотографирани на улиците на Мајами во текот на нивната прва семејна прошетка по раѓањето на третото дете.
За време на прошетката Бундшен ја покажала својата витка линија, само еден месец по породувањето.
Иако неодамна станаа родители, парот сè уште го чува во тајност името на нивниот син. Според извори блиски до манекенката, нејзините деца од бракот со поранешниот американски фудбалер Том Брејди се особено воодушевени од својот помал брат.
„Децата се буквално заљубени во својот нов брат, а особено Вивијан. Тие едвај чекаат малку да порасне за да можат да си играат со него“, изјавил извор близок до семејството за „ET Tonight“.
Изворот исто така додал дека Хоаким, кој по потекло е од Бразил, е одличен очув на децата на Жизел, 15-годишниот Бенџамин и 12-годишната Вивијан. Тој е воодушевен што за првпат станал татко и ја смета Жизел за најдобра мајка на светот.
Инаку Жизел и нејзиниот партнер добија честитки и од Том Брејди, иако се чини дека не е толку среќен што неговата поранешна сопруга нашла утеха во нова врска брзо по нивниот развод. Том моментално нема партнерка и е фокусиран на тренерската работа како и на своите деца кои најчесто се со него за време на празниците.
„Не е лесно да се биде самохрана мајка, но успеавме да го пребродиме турбулентниот период на развод. Се разбира, моите деца кај мене имаат едни правила, а кај татко им други. Но, тие се навикнати на тоа и нема никакви несогласувања околу тоа“, изјави Жизел претходно за воспитувањето на децата.