Во Сава Центар денес се одржа комеморацијата на Саша Поповиќ, а целото естрада се прости од лидерот на „Гранд“.
Меѓу првите на комеморацијата пристигнал Горан Шљивиќ, во црно, видно тажен, потоа Предраг Павловиќ Баки со сопругата, водителката Наташа Павловиќ, исто така соработниците Весна Милановиќ, Воја Недељковиќ, Драгана Катиќ …
Набргу потоа пристигнала и Вики Миљковиќ со сопругот Ташке, потоа Дејан Матиќ, Рада Манојловиќ, Остоја Мијаиловиќ, директорот на КК Партизан – кој одржал потресен говор.
Сузана Јовановиќ на комеморацијата пристигнала со синот и ќерката Александра.
Со сопругот Филип Живојиновиќ пристигнала и бремената Александра Пријовиќ.
По нив се појавила и Брена со семејството.
Цеца Ражнатовиќ не ги тргала очилата, била облечена во црно.
Тука биле и Вања Булиќ, Миша Мијатовиќ, Снежана Бабиќ Снеки, Ера Ојданиќ, Бане Мојиќевиќ, Лепа Лукиќ, Тамара Милутиновиќ, Урош Живковиќ, Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Саша Ковачевиќ, Бане Обрадовиќ, Ана Севиќ со сопругот, Милан Митровиќ, Александар Милиќ Мили, Александра Бурсаќ, Ацо Пејовиќ, Ѓорѓе Давид, Саша Капор, Жељко Јоксимовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Драган Стојковиќ Босанац, Жика Јакшиќ, политичарите Ивица Дачиќ и Милош Вучевиќ, Данијел Алибабиќ, Адил, Сале Тропико …
Комеморацијата на Саша Поповиќ се одржала во Сава Центар, а неговата слика била поставена на сцената и на видео-бимот, покрај кој имало огромен букет бели рози.
Едноминутно молчење за Саша Поповиќ
Прв се обратил водителот Воја Недељковиќ, кој во претходниот период го менувал Саша Поповиќ во Гранд.
Кога излегол на сцената ги повикал сите да станат и да му оддадат едноминутно молчење на Саша Поповиќ.
„Нека му е вечна слава и благодарност“, изјавил Воја, по завршената минута.
Потоа на видео екранот бил прикажан филмот за животот на естрадниот маг, заедно со песната „Rode će se vratiti“, последната што ја компонирал.
Сузана седела скршена во првиот ред, ќерката цело време ја држела за рака.
Марија Шерифовиќ одржала трогателен говор
„Многу работи во животот нè дочекуваат неподготвени, а ти Сале мој, сега навистина нè изненади. Сите нас … а еве и мене по којзнае кој пат. Никогаш не сум го правела ова, не знам ни како се подготвуваш за овие работи, особено кога зад мене стои слика од „некој мој“.
Од сите луѓе кои дојдоа овде денес, јас можеби најкратко те познавав, но во последните 10 години поминав толку многу време со тебе што мислам дека си во мојот живот откако знам за себе. И всушност и си!
Кога бев помлада, те знаев како колега на мајка ми, како „Слатки грех“, како десна рака на Брена, како професионалец … Години подоцна, и како свој колега, како наш директор, а всушност јас сум најгорда затоа што пораснав достојна да ме нарекуваш твој пријател, и што денес овде можам да застанам пред твоето семејство и твоите најблиски.
Никогаш не запознав некој кој толку гореше, кој со толкава страст ја живееше оваа наша професија … Верувам дека сите во оваа сала сега само чекаат да се појавиш од некој агол и да почнеш да нè распоредуваш на оваа сцена и да кажеш што и кој треба да каже или направи …
Знаеше да го извлечеш најдоброто од секој од нас, да нè натераш да ја прескокнеме границата на навиката и да тој твој ентузијазам да го всадиш во секого со кого работеше … Но, доста за работата!
Затоа што денес, кога не си овде, а сите дојдовме поради тебе, на сите ни е болно јасно дека ништо повеќе нема да биде исто … И тоа не на естрадата и шоу-бизнисот, туку во душата … Чие парче го одзеде пред 5 дена. Добро знаеш дека ќе недостигаш, а ниту јас не сум свесна колку многу …
И на Ана, и на Џоле, и на Боске, и на Вики, и на Мили, и на Снежан и на Цеца … и на твоите долгогодишни соработници Дејан и Шљива и Микица … А сигурна сум дека најмногу од сè на твоите Суле, Александра и Даниел, но што се однесува до нив не треба да се грижиш затоа што „еј види колку нè има“.
И кога сè ќе се отпее и каже, а емоциите се на врвот … следуваше она твоето „Понатаму одииии“ …
А ти, добар мој, прерано си замина … Таму каде што си сега ти посакувам убаво и удобно место кое си го заслужил, сончеви денови за да го спуштиш кровот на кабриолетот и да уживаш во возењето … И да … почни да подготвуваш некој нов формат таму горе, за да биде сè спремно кога ќе пристигнеме и ние останатите“, се простила Марија Шерифовиќ од Саша Поповиќ.
Саша Поповиќ ја загуби битката со опаката болест на 70-годишна возраст, на 1 март во Париз, каде што се лекуваше претходниот период.
Со него во најтешките моменти од животот беа неговото семејство, сопругата Сузана Јовановиќ, ќерката Александра, синот Даниел и снаата, кои пристигнаа од Франција пред два дена. Веднаш штом пристигнаа, најпрвин отидоа на Бежаниска гробишта каде денес ќе биде погребан Саша Поповиќ, а потоа во вилата на Бежаниска коса.
Како што извести „Блиц“, Саша Поповиќ не сакал да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани бидејќи имаат семејна гробница на гробиштата на Нова Бежаниска.
Семејството, пријателите и колегите вчера пристигнале во вилата на Бежаниска коса да му изразат сочувство на семејството на Саша Поповиќ.